Изби пожар на Осоговските Планини, зафатена е месноста Зелен град под врвот Панаѓур спрема Раткова скала.
Ветерот го насочува пожарот спрема Јамиште, пробиштипско.
На терен се излезени директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, директорот на Македонски шуми-подружница Кочани Гоце Јефтимов. Потоа Тасев Благој, член на Спасувачката планинарска служба, Гоце Исајов на Доброволната спасувачка служба, Димитар Трендафилов од Македонски национални шуми, како и Борче Трајанов, Томе Моневски и Кристијан Донев.
Воедно се работи на гаснење на пожарот.
А веќе четири дена екипи на ТППЕ – Кочани и ДПД Кочани водат борба со огнената стихија на лошиот непристапен терен во Главовица.
„Но, нема да се предадеме, се додека не биде целосно ликвидиран пожарот“, вели Горан Георгиев-Гане од ТППЕ Кочани и додава: „Капа долу за сите мои колеги пожарникари од ТППЕ Кочани и момците од ДПД Кочани“.