Пожарот во Црна Гора продолжува да гори, а како што може да се види од фотографиите и снимките што се шират на социјалните мрежи густиот чад се уште се шири.
Во Режевиќи над Петровац на црногорското приморје избувна голем пожар кој веќе неколку дена беснее, а густ чад ги обви туристичките центри меѓу кои и Будва, Свети Стефан.
Пламените јазици беа видливи од неколку километри. Будва и Петровац се покриени со чад.
Голем број туристи седат со спакувани куфери и чекаат дополнителни инструкции. Ветерот кој во меѓувреме почна да дува уште повеќе ја отежнува и онака лошата ситуација.
Пожарот е видлив од Бечиќи и Рафаиловиќи, а и мештаните и гостите се видно вознемирени. Многумина се жалат дека нема реакција од надлежните, бидејќи се уште нема канадери кои би се обиделе да го изгаснат пожарот, а пламените јазици се спуштаат кон населбите, загрозувајќи ги човечките животи и живиот свет.