Р.Б., татко на Урош (21) е уапсен со цел да се утврдат фактите поврзани со потеклото на оружјето со кое неговиот син извршил низа кривични дела – уби 8, рани 14 лица.
Припадници на српско МВР го привеле Р.Б. кој сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Со претрес на стан и други простории што ги користел пријавениот во околината на Младеновац, полицијата пронашла и одзела две воени дозволи за пушка карабина со оптика и револвер, пиштол со две рамки, две оптики за ловечка пушка, револвер , неколку стотици парчиња муниција од различен калибар, како и рачно изработен уред со можност за активирање.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.
Предвидената затворска казна за ова дело е од две до 12 години.
Медиумите пред неколку дена објавија дека овој човек починал од срцев удар по масакрот кој го направил неговиот син.