Поради обилните врнежи утрово Сава во Загреб се излеа од коритата. Во главниот град на Хрватска до утрово наврнаа околу 50 литри дожд на метар квадратен, а обилно невреме со големо количество врнежи е забележано низ цела Хрватска.
Поради обилните врнежи во Хрватска, издадено е предупредување за можни поројни поплави, особено на Јадранот.