ВИДЕО I Силен земјотрес во Иран – има загинати и повредени

Земјотрес со јачина од 5 степени денеска го погоди североисточниот дел на Иран, при што четири луѓе го загубија животот, а повредени се повеќе од 120, јавија иранските медиуми.

Земјотресот бил регистриран во 13:24 часот по локално време во североисточниот град Кашмар, изјави локалниот гувернер Хојатола Шаријатмадари за државната телевизија.

https://twitter.com/theinformant_x/status/1803085093579215358

Американскиот сеизмолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Шаријатмадари рече дека во земјотресот се оштетени згради во урбаните и руралните области.

Иран се наоѓа во регион каде тектонските плочи се преклопуваат и сеизмичката активност на територијата на земјата е многу висока.

https://twitter.com/volcaholic1/status/1803083219002151094