Најмалку шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во чешкиот град Мост, соопштија денеска службите за итни случаи.
V mostecké restauraci Kojot došlo k výbuchu propanbutanové lahve. Podle prvotních informací od svědků došlo k převržení ohřívače s následným požárem. Při tragédii zemřelo 6 lidí a dalších 8 bylo se zraněním převezeno do nemocnice. Na místě zasahuje 12 jednotek požární ochrany. pic.twitter.com/IdUSvwGQGz
— Hasičský záchranný sbor ČR (@hasici_cr) January 12, 2025
Осум лица се повредени во експлозијата што се случи синоќа, а 30 лица се евакуирани од ресторанот и околните згради, јавија чешките медиуми.
По експлозијата избувна пожар кој го уништил ресторанот.
Пожарот го изгаснаа 12 противпожарни единици, јави чешката телевизија.
Повредените се пренесени во болниците во Прага и околните градови.