Снежно невреме има во Хрватска, а 48 луѓе останаа заробени во автомобилите. Со нив имало и деца.
Неколку лица, меѓу кои и пет деца, вчера останаа заробени во автомобили кои беа покриени со снег кај Кореница. Јавната противпожарна станица на Плитвичките езера на својот Фејсбук објави дека нешто по 17 часот добила дојава од полицијата дека има завеани возила во областа. Тие се извелечени од местото.
Слично завчера беше и во Дрвар во Босна и Херцеговина(БиХ). Луѓето десет часа беа заглавени во снегот.