Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ и неговата Виртус Болоња загубија на гостувањето кај Милано, а по мечот се случија немили сцени и тепачка.
Медиумите од соседството објавија снимка на која племејкерот заедно со неговиот соиграч Хекет влегува во тепачка со навивачи. На патот кон тунелот, видно револтиран од поразот и навредите од трибините, искусниот играч влета меѓу навивачите и почна физичка пресметка.
Rissa Milos Teodosic al Forum: ecco il video da un'altra visuale pic.twitter.com/451BLS3Kca
— Alessandro Luigi Maggi (@AlessandroMagg4) June 11, 2023
Al rientro negli spogliatoi attimi di tensione al Forum: un tifoso Olimpia scende dagli spalti a "infastidire" Teodosic che reagisce, Hackett arriva in difesa del compagno. @VuNereBologna #Virtus pic.twitter.com/DmDcOheciF
— Andrea Romano (@vnb_andrea) June 11, 2023
Во целата ситуација скокнаа и неговите соиграчи од Виртус, се создаде хаос, по кој реагира обезбедувањето и го оттргна плејмејкерот. Но, немаше крај на лутината на Теодосиќ затоа што тој дури и од пред тунелот повикуваше некој на пресметка.
Теодосиќ имаше доста лош натпревар, на кој постигна четири поени со уште четири асистенции.