ВИДЕО| Венко Филипче и Зоран Заев на голема журка на Харис Џиновиќ во Дубаи?!

На социјалните мрежи доцна синоќа осамна видео, на кое се гледаат актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче и поранешниот лидер Зоран Заев на забава која неодоливо потсетува на гранде журката на познатиот пејач Харис Џинови во ексклузивниот хотел „Хилтон“ во Дубаи на 25 и 26 октомври октомври годинава.

Видеото го споделија и новинарот Драган Павловиќ Латас и порталот Вечер.

Добро упатени извори тврдат дека Заев и Филипче навистина биле заедно во Дубаи и не ја пропуштиле еклслузивната прилика да се провеселат на журката на Џиновиќ. Истите извори велат дека Филипче и Заев не биле сами во престолнината на бизнисот на Блискиот исток.

Српските медиуми веќе известија за журката на познатиот пејач во Дубаи, нарекувајќи ја „дернек каков што не се памети“, а влезниците чинеле и по неколку стотици евра.

За македонската јавност многу поинтересно е прашањето е што барал на оваа журка лидерот на СДСМ Венко Филипче и каква е неговата поврзаност со шпекулациите дека неговиот политички ментор Зоран Заев ги сели бизнисите во Дубаи, каде што од март идната година наводно планирал и тој да се пресели.