Јапонецот Асунобу Усута (49) утринава фрлил предмети за кои се верува дека се молотови коктели кон седиштето на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) и со своето комбе удрил во бариерата пред кабинетот на премиерот.
Полицијата на лице место го уапсила Усута, јави агенцијата Кјодо.
Очевидци велат дека Усута, откако удрил во бариерата, излегол од комбето и кон полицијата фрлил предмет кој личел на димна бомба.
При апсењето не пружал отпор, а на распитот молчел.
Овој инцидент се случи во пресрет на официјалната кампања за претстојните општи избори, кои ќе се одржат на 27 октомври.
Генералниот секретар на ЛДП, Хироши Моријама, рече дека е огорчен од нападот, но потврди дека кампањата на партијата ќе продолжи според планираното.
Во меѓувреме, полицијата и пожарникарите вршат проверки на местото на инцидентот, кое поради истрагата e опколено.