![mzt teren](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/mzt-teren.jpg?resize=696%2C482&ssl=1)
Општина Аеродром деновиве завршува со реализацијата уште еден важен проект. Финализира реконструкцијата на познатата „Жути Арена“ која добива нови изглед и прераснува во повеќенаменски спортски терен кој е опремен со современи спортски реквизити. Обоен во боите на МЗТ Скопје и „Фемили Аеродром“, токму тука во Аеродром ова и секое наредно лето, сите ние ќе живееме и спортуваме со победничка енергија на шампионите во кошарка.
Проектот кој е целосно реализиран со средства од буџетот на Општина Аеродром опфати поставување нова подлога, целосна замена на реквизитите, заштитна ограда и трибини. Со завршување на оваа инвестиција, Аеродром на листата запишува уште еден реконструиран спортски терен, а граѓаните добиваат место подготвено за спорт и рекреација.
Реконструкцијата на „Жути Арена“ е потврда за заложбите на општината за промоција на здравото живеење и поддршка на спортот. Ова лето се гледаме на „Жути Арена“ и продолжуваме со инвестиции во проекти кои сериозно го подигнуваат квалитетот на живеење во Аеродром.