ВИДЕО| И во членките на НАТО несогласувања околу ситуацијата со Русија

Руското тврдење дека нејзината „специјална операција“ во соседна Украина има цел да ја „демилитаризира“ и „денацифицира“ соседната земја, особено откако Западот ги отфрли безбедносните барања на Москва со непримање на Киев во НАТО како слободен избор на народите.

Сепак, и во земјите членки на Северонатлантската алијанса постојат разногласија по прашањато за причините за руската офанзива во Украина и оправданоста на натамошното ширење на блокот кон руските граници. Така, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пред една седмица, одговарајќи на новинарски прашања, меѓу другото инсистирајќи на смирување на тензиите оцени дека ширењето на НАТО претставува „фигуративен напад“ и оти таквите чекори претпоставуваат и обврски за земјите членки за учество во потенцијални непријаталства.

Претходно во германскиот Бундестаг, пратеникот од опозициската суверенистичка партија Алтернатива за Германија (AfD), Петр Бистрон, порача дека цената на ширењето на НАТО до руските граници е „сега да гинат млади Украинци и Руси“. Потсети и на говорот на рускиот претседател Владимир Путин во германскиот парламент од 2007 година во кој предложи уште тогаш заеднички договор за безбедноста на Европа, и констатираше дека резултат од игнорирњата на тие предлози сега е војната во Европа.