ВИДЕО I Во Осиек хулигани се тепаа на улица по локален кошаркарски меч

Големото изненадување од првата фаза во хрватскиот кошаркарски шампионат во кое екипата на Осијек го совлада Задар (60-58) ќе остане во сенка на тепачка меѓу навивачите по неговото завршување.

Инцидентот се случил во близина на спортската сала, каде дошло до физичка пресметка меѓу навивачки групи на двата тима. Видеа од настанот што се појавија на социјалните мрежи покажуваат прекинат сообраќај и хаотична сцена, иако не може прецизно да се утврди целосниот тек на настаните.

https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1876008280398631156

Засега, нема потврдени информации за повредени лица или бројот на уапсени. Истражните органи работат на утврдување на сите детали поврзани со тепачката.

https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1876004439959724300