Во тешка сообраќајна несреќа што се случи днеска во Чешка се судрија два автобуса, при што најмалку едно лице загина, а околу 50 се повредени, соопшти чешката полиција.
Според првичните информации од местото на настанот, загинал еден од возачите на автобусот, пренесе АП.
Регионалната спасувачка служба соопшти дека несреќата се случила во близина на вториот по големина чешки град Брно, на автопатот Д2.
Некои од тешко повредените лица се пренесени со хеликоптери во блиските болници, се наведува во соопштението.
Полицијата додаде дека автопатот што ја поврзува Чешка со главниот град на Словачка, Братислава мора да биде затворен во двата правци. На автопатот се заглавени долги колони возила.
https://twitter.com/Flash_news_ua/status/1680974326768467972?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1680974326768467972%7Ctwgr%5E731940e319d6ab9d9a25141b9509f0fae57167e4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fvideo-teshka-avtobuska-nesre-a-vo-cheshka-na-malku-eden-zaginat-i-nad-50-povredeni%2F