Урнати куќи и блокирани улици има во областа Малатја во Турција каде денеска имаше земјотрес. Карпи и камења има на патиштата. Земјотресот предизвика материјална штета. Неколку лица се здобиле со повреди, според медиумските извештаи.
An #earthquake measuring 5.9 in magnitude has occurred in the #Turkiye province of Malatya.
This was reported by the Disaster Management Authority (#AFAD).
According to the data, the epicenter of the tremors, which were recorded at local time, was in the Kale region. pic.twitter.com/qvxS6oChhQ— News.Az (@news_az) October 16, 2024
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го потресе местото Кале во турската област Малатја, јави агенцијата Анадолија.
На социјалните мрежи се појави снимка од моментот на земјотресот додека водителка чита вести на една од телевизиите.Лани во Турција и Сирија имаше катастрофални земјотреси во кои загинаа над 50.000 луѓе.