
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го посочи украинскиот државјанин Јуриј Денисов како организатор на атентатот на воениот блогер Владлен Татарски во кафуле во Санкт Петербург претходно овој месец, објави „Раша Тудеј“.
Според агенцијата, Денисов во февруари отпатувал за Русија од Киев преку Летонија. Тој користел посредник за да ја достави бомбата на една жена која ја донела во кафулето во Санкт Петербург каде Татарски одржувал говор на 2 април.
Последователната експлозија го уби блогерот и повреди десетици други луѓе. Денисов ја напушти Русија следниот ден, патувајќи низ Ерменија и Турција, тврди ФСБ.
Пред да биде извршен атентатот, агенцијата тврди дека Денисов минал време во Московскиот регион собирајќи разузнавачки информации за Татарски, се додава во соопштението. Русија објави меѓународна потерница за осомничениот.
ФСБ објави неколку слики од Денисов, вклучително и како тој очигледно минува царинска контрола на руската граница. Беа објавени и фотографии од неговата украинска возачка дозвола и уреден договор за купување на користен автомобил во Москва.
Во соопштението конкретно се наведени неколку соработници на затворениот опозиционер Алексеј Навални како инспирација на наводниот соучесник на Денисов, Дарја Трепова, да изврши саботажа во Русија.
Тие „постојано даваа изјави за потребата од саботажни акции во Русија“, тврди ФСБ. Се додава дека Трепова била поддржувач на Навални.
Татарски, чие вистинско име беше Максим Фомин, беше поранешен борец од Донбас и популарен воен блогер кој се залагаше за одлучувачки став во однос на руската воена операција против Украина.
Киев негираше каква било одговорност за бомбашкиот напад.
https://www.rt.com/russia/574642-fsb-names-mastermind-military-blogger-bombing/