ВИДЕО IДончиќ и повреден му даде 40 поени на Милвоки

Суперѕвездата на Далас, Лука Дончиќ доживеа повреда на скочниот зглоб на натпреварот против Милвоки кој неговиот тим го загуби на домашен терен со 117-129.

Во почетната фаза од натпреварот, при една борба за топката со Јанис Адетокунбо, Словенецот падна на паркетот, а додека се обидуваше да дојде до неа, незгодно се сврте и го свитка зглобот. Поради тоа мораше да го напушти теренот и да замине во соблекувална, но брзо се врати и продолжи да игра, а по мечот објасни што се случило.

„Истиот зглоб е во прашање, но добро. Само слушнав дека пукна. Сега зглобот е подобар отколку минатата година, тогаш да ми се случеше ова ќе имаше поголеми проблеми. Работам на зглобот секој ден, така што добро е“, рече Дончиќ по мечот.

На теренот, тој помина вкупно 42 минути и за тоа време постигн 40 поени и 11 асистенции, но Далас загуби од Милвоки со 117-129.  Супер издание на спротивната страна имаше Јанис со 48 поени, 10 асистенции и шест скока

Инаку, во последниот период во НБА лигата видовме неколку спектакуларни индивидуални изведби, а таков настап вчера имаше Стеф Кари кој против Атланта постигна 60 поени, но и тоа не беше доволно неговиот тим да победи.

Овие 60 поени не се рекорд за Кари бидејќи неговиот рекорд изнесува 62 поени. Голден Стејт беше поразен со 134:141 по едно продолжение. Во последната четвртина Кари постигна 22 поени и изгледаше дека ќе ја предводи својата екипа до победа. Сепак, во финишот одлично заигра Богдан Богдановиќ и Атланта го сврте резултатот.

Откако успеаа да изборат продолжение, кошаркарите на Атланта во него целосно доминира и за 2.5 минути направија серија од 11:0. Кари натпреварот го заврши со десет тројки, вкупно упати 37 шута од игра, меѓутоа ниту тоа не беше доволно. Во редовите на Атланта најефикасен беше Тре Јанг со 35 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Бруклин 121-136
Атланта – Голден Стејт 141-134
Чикаго – Сакраменто 115-123
Далас – Милвоки 117-129
Њујорк – ЛА Лејкерс 105-113
Сан Антонио – Кливленд 101-117