Музичарот Иги Поп, познат како пионер на панкот, на почетокот од септември ќе издаде нов албум под насловот „Free“, а на крајот од истиот месец 72-годишниот рокер ќе издаде и книга за својата долга и плодна музичка кариера.
Новиот албум „Free“ следи како продолжение или наследник на претходниот од 2016 година под наслов „Post Pop Depression“, а музичарот го најавува со истоимениот сингл. Официјално опишан е како „единствено мрачен и контемплативен албум“, а на него Иги Поп соработувал со музичарката Новелер и со Лерон Томас.
„Ова е албум во кој наместо мене мојата прикана ја изнесуваат други музичари, а јас само го позајмив гласот… Сѐ што ви треба не се нужно среќата и љубовта, туку чувството на слободат. Овој албум едноставно ‘ме најде’, а јас му доволив да се случи“, вели музичарот за ClassicRock.
Албумот ќе се појави на 6-ти септември, а книгата под насловот „Til Wrong Feels Righ“ по дваесет денови, односно на 26-ти септември. Во неа читетелите ја ја пронајдат приказната за кариерата на Иги Поп, избор од песни и бројни фотографии.
Иги Поп ја одбележа поп-културата на XX век со своите хитови, како „Lust for Life“, „I’m Bored“, „Real Wild Child“ и „Candy“, а негови песни изведуваат многу легендарни и култни бендови и пејачи. Особено се интересни неговите енергични и ексцентрични настапи.