Над стотина љубители на тетрис се забавуваа играјќи ја популарната игра на облакодер во Филаделфија.
Сира центарот кој има 29 ката, со ЛЕД светла на стаклената фасада, обично навечер има геометриски шари. Во саботата вечерта, огромни облици „паѓаа“ од двете страни на кулата додека натпреварувачите со џоистици маневрираа каде ќе паднат.
Тетрисот кој е смислен од страна на рускиот програмер Алексеј Пајитнов во 1984-та година ги поттикува играчите да ротираат и да составуваат облици во цели редови. Оваа година тетрисот прославува 30 години од своето постоење.