Техничка грешка ја одбележа фасцинантната церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи кога последниот петте кругови кои го сочинуваат Олимпискиот симбол не се отвори.
Пет џиновски снегулки се кренаа над стадиумот и требаше да се отворат и да формираат кугови. Петтата сепак во телевизскиот пренос се гледа како се отвора поради што се појавија сомнежи дека снимката е едитирана.
Продуцентот на церемонијата, Константин Ернеста објаснува дека неколку секунди пред техничката грешка му било јавено дека петата снегулка нема да се отвори по што Руската телевизија емитувала претходно снимен материјал од формирањето на Олимпискиот круг.
Ернест смета дека не треба да се прави сензација од дефектот и од емитувањето на претходно снимениот материјал.