(ВИДЕО) Илјадници верници го бакнуваат телото на Амфилохије кој почина од коронавирус

Во ек на пандемијата, колони од верници цел ден поминуваат покрај ковчегот со телото на починатиот митрополитот црногорско-приморски Амфилохије во Храмот на Христовото воскресение во Подгорица, за да го бакнат.

Без маска и не почитувајќи дистанца, дел од верниците доаѓаат со своите деца кои исто така се наведнуваат за да го бакнат телото на починатиот митрополит, кој, според тестот од Клиничкиот центар во Подгорица, беше позитивен на коронавирус.

Амфилохије, по сопствено барање, ќе биде погребан во криптата на Соборниот храм во Подгорица.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора, изразувајќи сочувство до верниците, свештенството и монасите на Српската православна црква, предупреди дека секој масовен собир и непочитување на мерките „ја прави тешката состојба уште потешка“.