Илјадници верници се собраа пред црквата Христово воскресение во Подгорица за да ги пречекаат посмртните останки на црногорскиот и приморски митрополит Амфилохије.
– Ја воскресна Црна Гора и повторно ја направи Христова. Ќе дојде часот кога ќе станеш, а ние со тебе. Поздрави ги Свети Сава, Петар Цетињски, Василиј Острошки и другите светци. Ние ви завидуваме на тоа. Се надеваме дека Господ ќе не погледне и ќе се сретнеме со нив, рече владиката Методиј, кој стоеше покрај ковчегот.
После богослужбата во Соборниот храм, граѓаните се збогуваа од Амфилохије, а предвидено е дефилето да трае цела ноќ.
https://www.youtube.com/watch?v=skVE468zIyY&feature=emb_logo
Неговото тело пристигна во Подгорица околу 14:30 часот, беше положено во храмот, а неколку минути подоцна започна службата. Река народ се излеа вчера и утрово да му оддадат последна почит на митрополитот Амфилохије.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=25&v=EOT87hglD10&feature=emb_logo