ознатата актерка Весна Петрушевска Бејби, во видео-обраќање на Фесјбук, им порача да си дадат оставка „сите до еден“, поради тоа што не можеле да се справат со дојавите за бомби во училиштата и во зградите, кои се сè почести деновивие. Таа вели дека три месеци властите ги малтретираат граѓаните со својата неспособност.
– Имате ли памет, бре! Девет средни училишта, трговски центар, Џевахир сити. Три месеци не’ малтретирате со вашата неспособност, дојави за бомби. Вие сте ненормални. Побарајте помош од странски служби, од било каде и дадете си оставки. Аман! Ова е ненормална работа што вие сѐ правите. Колку сте вие неодговорни, неписмени и недоветни. Луѓе се во прашање, деца. Секое дете оди под стрес на училиште, поради дојавите за бомби. Три згради се симнавме долу, не знаете колку е тоа одвратно и страшно, со сирени, стари луѓе кои не можат да одат, не можат да се симнат. Не смеете лифт да употребите. Важно секој ден има дојава за бомба, а вие ништо не правите. Можеби и правите, не знам, ама не ве гледам дека правите. И дајте си оставки нека дојдат некои кои повеќе знаат – порача Петрушевска во видеото.