ВИДЕО| Илон Маск по саботажата ја посети европската фабрика на „Tesla“

Првиот човек „Тesla“, Илон Маск, пристигна во Германија во средата во посета на единствената европска фабрика на американскиот производител на електрични автомобили, недалеку од Берлин околу една седмица по нападот врз снабдувањето со електрична енергија што предизвика прекин на нејзината работа.

Производството во таканаречената „гига-фабрика“ на „Тесла“ во градот Гринхајде беше запрено на неколку дена поради диверзијата со којашто беше прекинот снабдувањето со електрична енергија. Во меѓувреме, левичарска екстремистичка група ја презеде одговорноста за нападот. Досега непознатата група која се именува себеси како Volcano се прогласи за одговорна за запалување на електричен трансформатор кој освен на „Tesla“ опслужува и други компании и жителите на градот.

Производството во фабриката Гринхајде продолжи во средата. Вработените во фабриката со извици на одушевување го поздравија Маск, кој разговараше со нив околу пладнето во голем шатор во кругот на фабриката.

По Маск, на вработените директорот на фабриката на „Tesla“, Андре Тиериг, им се обрати и им се заблагодари за решавањето на ситуацијата. „Ова е напад на Gigafactory … Сите се држиме заедно“, додаде.

Тиериг, исто така, им вети на работниците промени во платите на годишно ниво и систем на бонуси, тврдејќи са фабриката дека не е потребен синдикален колективен договор.

Локалните германски власти се загрижени дека нападот врз фабриката може да предизвика производителот на електрични возила да ги промени плановите за проширување на капацитетот на локацијата.

Плановите за проширување на „Tesla“ беа контроверзни главно поради загриженоста за потенцијалното влијание врз блиските заштитени мочуришта. Еколошките активисти поставија протестен камп со куќички на дрвјата во непосредна близина на фабриката, но полицијата најави дека ќе ги отстрани кон крајот на седмицата.

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ минатата седмица објави дека трпи штети кои се мерат во стотици милиони евра поради саботирањето на производството во фабриката по прекинот на снабдувањето со електрична енергија.