Голем инцидент се случи во неделата вечерта на натпреварот од македонското кошаркарско првенство во салата „Шабан Трстена“ во скопски Чаир меѓу истоимената домашна екипа и КК Работнички.
Еден симпартизер на Чаир втрча во теренот и го нападна плејмејкерот на Работнички, Ерик Нотиџ. Сепак, играчите на двете страни беа присебни и спречија ескалација на ситуацијата
Инцидентот се случи во 14-та минута при водство на Работнички со 44:23.
Ова е втор голем инцидент во Чаир за кратко време, претходно на фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и тетовска Шкендија, навивачи влегоа на теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери.
https://youtu.be/VQvNXIxKI6o