ВИДЕО| Инцидент на Преспа форумот во Струга, видео-бим се урна врз модераторката

На Преспа Форумот вечерва се случи инцидент што беше забележан и на директниот пренос.

Поради силниот ветер видео бим-падна врз модераторката Валбона Зенели, поради што дебатата беше привремено прекината.

Сите присутни изреагираа испаничено, а дел од гостите на форумот истрчаа да ѝ помогнат.

Набрзо со соопштение во врска со инцидентот се огласи и Министерството за надворешни работи.

„Дозволете да информираме дека кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите.

Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панлеот продолжи со предвидената агенда.

Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика; утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки.

Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим“, се вели во соопштението на министерството.