Пратеникот на Левица, Борислав Крмов го нападна заменик претседателот на Собранието Горан Мисовски, јави Канал 5.
Од говорницата , откако се обиде да ги образложи амандманите на Деловникот, Крмов, видно изнервиран почна да ги фрла хартиите од аманадманите кон Мисовски и бараше од него да ја прекине седницата. За кусо време му се придружи и Димитар Апасиев од истата партија, кој, исто така, почна да фрла со хартии по Мисовски.
-Во еден момент, Крмов дури му го откорна и мониторот од масата. По инцидентот, Мисовски побара половина час пауза, а на говорницата се појави и претседателот на Собранието, Талат Џафери.