
Државен инспекторат за животна средина при вчерашната инспекција во Вардариште со дрон го сними еден од поголемите загадувачи на Скопје.
Државниот Инспекторат за животна средина вчера објави снимки со дрон во кој може да се види Вардариште-Претоварна станица на ЈП Комунална Хигиена Скопје и околина како и кај Лисиче мост до реката Вардар со опожарено диво сметлиште и интервенција на Пожарна.
На еден дел од снимките се гледа и како нелегално неколку луѓе од комбе исфрлаат големо количество ѓубре и со трчање го напуштаат местото.