ВИДЕО| Инструктори на НАТО веројатно се кријат во Мариупол, велат во Москва

Пратеникот во руската Државна Дума (парламентот) од регионот Крим, Михаел Шеремет, изјави во вторникот дека воени инструктори НАТО веројатно се кријат на одредени локации во стратешкиот пристанишен град Мариупол.

„Сметам дека во Мариупол може да се кријат воени инструктори на НАТО и воени претставници на специјалните служби на низа западни земји. Токму нив толку упорно ги заштитуваат украинските војници и националистичките баталјони“, рекол Шеремет за агенцијата РИА.

Според него, земји од НАТО изминатите осум години, по превратот во пролетта 2014-та кога во Киев дојдоа на власт ткн прозападни сили, граделе добро утврдена база во источна Украина од каде би требало да се води напад врз Русија, но специјалната воена операција, како што Москва официјално ја нарекува својата офанзива во соседната земја, го спречила реализирањето на нивните планови.

„Мислам дека во Мариупол нѐ очекуваат многу интересни откритија коишто може да ја шокираат целата светска заедница“, истакнал пратеникот.

Шеремет, исто така, смета дека Украина „се претвори во терористички ентитет, еден вид симбиоза на фашизмот и Исламската држава“.

Алудира на украинските крајно десни групации чијашто идеологија произлегува до Степан Бандера, украински националист кој во Втората светска војна бил сојузник на нацистичка Германија. Приврзаните на овие групации чиј најголем противник историски е Русија, учествуваа во Чеченскит војни од 1990-те години на страната на исламистичките радикали кои сега заедно со нив се борат против руските сили во Украина.

„Украинските нацисти како цели денес избираат цивили, урбана инфраструктура, хемиски капацитети“, додал.

Едуард Басурин, претставникот на проруските сили од Донецк во чиј административен регион спаѓа и Мариупол, претходно изјави дека на територијата на градот дека џебовите на отпорот останале само во добро утврдените металуршки комплекси „Азовстал“ и „Азовмаш“.

Истовремено во вторникот портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков објави дека руските единици спречиле обид на група украински војници да се прибијат низ обрачот во еден од фабричките комплекси крај Мариупол.

Прецизираше дека обидот за пробив на обрачот се случил ноќта кон вторникот.

„Група украински војници до 100 лица во оклопни возила се обидоа да се пробијатаод фабриката и да ја напуштат територијата на градот во северна насока. Пробивот беше спречен со воздушни и артилериски дејствувања“, рече Конашенков.

Прецизирал дека во оваа акција руските сили уништиле три украински тенка, пет пешадиски борбени возила, седум други возила и околу 50 луѓе. Другите 42 украински војници доброволно го положија оружјето и се предадоа.

Точно пред еден месец силите на ткн Донецка Народна Република објавија дека Мариупол е целосно опколен и дека започнува чистење на населбите од укранските паравоени сили. Најжесток отпор, според нив даваат ткн полк „Азов“, против чии припадници кои според Москва доаѓаат од редовите на екстремните националистички движења во западна Украина, во Русија се водат кривични дела за злосторства врз цивили.

Главнината на тие силе е концентрирана во индустриската зона на комбинатот „Азовстал“, каде што се проценува дека има до 3.500 украински борци. Басурин во понеделникот објави и дека пристаништето во Мариупол е целосно под контрола на донецката Народна милиција, како и дека зпочнало изблекувањето на странските морнари од блокираните бродови.