Пробиени се 80 проценти од трасата, на автопатот Миладиновци –Штип. Во моментов на новата делница во источна Македонија работат 500 лица. Во наредниот период се очекува драстично да се зголеми и бројот на механизација која ќе работи на терен. се работи за нов автопат во Источна Македонија со вкупна должина од 47 километри.
На оваа тема во вестите на Канал 5 говореше министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
– Задоволен сум како се одвиваат градежните работи, бидејќи имавме доста проблеми со временските услови, имаше доста врнежи од дожд и доста снег и поради тоа бевме потиснати со динамичкиот план. Но, моментално работите се довиваат одлично, истакна министерот Владо Мисајловски.
Целиот разговор погледнете го во видеото.