(ВИДЕО) Иран објави за успешно тестирање крстосувачки проектил

Иран во неделата, во екот на засилените тензии со САД, објави дека во текот на поморските воени вежби во Ормудскиот теснец успешно тестирал крстосувачки проектил.

„Во текот на денот од вежбите, иранската подморницата ‘Гадир’ успешно лансираше крстосувачки проектил“, извести иранската службена новинска агенција IRNA. Другите ирански подморници, „Тарек“ и „Фатех“, исто така располагаат со истото противбродско вооружување.

САД во август минатата 2018 година предупредија дека Иран тестирал противбродски проектил со кус дострел.

Во текот на тридневните поморски вежби, под кодното име „Велајат 97“, кои се одржуваа на големото подрачје од два милиона квадратни километри, од Ормудкиот теснец до северните делови на Индискиот Океан, учествувале повеќе од 100 разни воени пловила.

Иранските медиуми истакнуваат дека иранската морнарица последните години успеала да достигне „самоодржливост во производството на одбранбена опрема“ и го зголемила своето присуство во меѓународните води, со цел да ги заштити поморски патишата и осигурувње на безбедноста на иранските трговски бродови и танкери.

Се додава дека тоа придонеле за спречување на „неколку напади“ врз ирански и странски танкери во текот на нивните пловења во меѓународните води. Притоа се наведува дека Техеран повеќепати предупредил дека на секое нарушување на суверенитетот на иранските територијални води ќе биде возвратено „со итен и соодветен одговор“.

Иран, исто така, минатиот месец потврди дека последните два месеца се обидува во орбитата да лансира сателит, но засега безуспешно.

https://www.youtube.com/watch?v=CgZyiv2kpV0