ВИДЕО| Исламисти и левичари нападнаа Евреи пред Музејот на холокаустот во Лос Анџелес

Музејот на толеранција, музеј на холокаустот во Лос Анџелес беше домаќин на прикажување на некои од злосторствата на Хамас. Невладината организаиција во Лос Анџелес J Town Action and Solidarity и крајно левичарски структири организиараа  протест за поддршка на Палестинците.

И на претходните протести, тие укажаа дека „недвосмислено го поддржуваат палестинскиот отпор и нивната борба против ционистичкиот колонијализам и западниот империјализам“, додавајќи: „Наша револуционерна должност е да го поддржиме палестинскиот отпор и сите угнетени луѓе кои се борат за ослободување, со какви било средства“. Последните четири збора се нагласуваат.

По објавата дека музејот на холокаустот ќе ги прикажува снимените доказите за злосторствата на Хамас, организиацијата се јави со твит: „Би било штета доколку луѓето се соберат на долунаведената адреса во среда вечер“.

Народниот градски совет – Лос Анџелес, друга левичарска група, веднаш почувствува еврејски заговор и потенцираше дека ќе биде вклучено насилство. „Секој протест/нарушување ќе го обојат како „антисемитски“. Газа е бомбардирана веќе еден месец и ИДФ прикажува пропаганден филм. Има повик за ИТНА акција. Соочете се со неправдата и геноцидните фашисти насекаде. Погрижете се да се маскирате. „Нема правда, нема мир“ значи тоа“..

Исламистите и левичарите ја нападнаа еврејската заедница.