ВИДЕО| Италијански „Fiat“ се откажува од производството сиви возила

Италијанскиот производител на автомобили „Fiat“ ќе престане да произведува возила во сива боја, соопшти мултинационалната автомобилска корпорација „Stellantis“, која е сопственик на брендот „Fiat“.

Како што вели извршниот директор на компанијата Оливие Франсоа, одлуката „има цел дополнително да го зацврсти лидерството на ‘Fiat’ како бренд на радоста, боите и оптимизмот“.

Според него, целта е потенцирање на „значењето на боите коишто го олицетворуваат италијанскиот начин на живот“.

Палетата бои за каросеријата на автомобилите е „инспирирана од италијанското море, сонцето, земјата и небото“, се истакнува во објавата за јавноста.

Челникот на „Fiat“ додава дека компанијата сака „да ги инспирира луѓето да живеат со оптимизам и позитивност, што ќе биде една од мисиите на новиот електричен автомобили Fiat 600е, кој ќе биде претставен на 4-ти јули“.

Мултинационалната автомобилска корпорација „Stellantis“ настана во 2021 година со спојувањето на италијанско-американскиот производител „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) со француската компанија „ Groupe PSA“. Бендовите на корпорациијата ги вклучуваат „Alfa Romeo“, „Chrysler“, „Citroen“, „Dodge“, „Fiat“, „Jeep“, „Maserati“, „Opel“, „Peugeot“…