Македонскиот тенисер Калин Ивановски, со убедливо издание, се пласира во третото коло на јуниорскиот Вимблдон, откако во втората рунда го исфрли Родриго Пачеко Мендез со 2-0 (6-1, 6-2).
Убедливата партија во Лондон, Ивановски ја круниса со мангупски потег на крајот од дуелот. Ја искористи првата меч-топка, го фати Пачеко неподготвен и го потврди триумфот во второто коло.
Ивановски уште еднаш го покажа својот талент и пак како лани ја достигна третата рунда на престижниот турнир за младинци. Следен противник на Македонецот ќе му биде Едас Бутвилас.