Засега неидентификуван напаѓач со нож избодел маж во близина на станицата на подземната железници „Oxford Circus“, на крстосувањето меѓу улиците Окфсорд и Риџент во центарот на Лондон, објави во четвртокот полицијата на британската престолнина.
Во инцидентот кој се одиграл околу 20 часот вечерта по локални време, жртвата била прободена со нож во главата и таа е хоспитализирана во болница во јужниот дел на градот. Според полицијата, повредите не се опасни по живот, меѓутоа радиостаницата LCB извести дека повредениот е во критична состојба и оти на местото на настанот биле испратени и возило на лондонската служба за брза помош и летало на Лондонската воздушни амбуланта, а дека полесно е повреден осомничениот за нападот.
Додава и дека според исказите на очевидци бил приведен 25-годишен маж.
Од снимките поставени на социјалните мрежи може да се види дека болничари изнесуваат маж на носилка. Корисник на Twitter објави „штотуку бевме сведоци на ужасно прободување на некој во 60-тите години „без очигледе повод или причина“.
Локалната радиостаница LBC извести и дека по нападот сите патници биле евекуирани од метро станица, како и дека подолг период приодите кон неа се блокирани.
Oxford Circus locked off due to stabbing #AwarenessVideo #OxfordStreet pic.twitter.com/HzfpQjfpeg
— Gaúcho Jr (@ArabGaucho) July 1, 2021
— lauren mcgaun (@lauren_mcgaun) July 1, 2021