Oд утре на полноќ македонските граѓани не можат да патуваат надвор од државата без променети пасоши и возачки дозволи.
-Сакам да им се извинам на граѓаните за сѐ што е предизвикано и за тоа што ќе следи, изјави за Канал 5 министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски, кој ги замоли граѓените со пасоши со старото име да не се упатуваат кон граница.
Во врска со возачките исправи со старото име, министерот рече дека не важат ниту во земјава, ниту во странство.
Тошковски информира дека со лична карта со старото име ќе може да се излезе кон Србија, Албанија и Косово, но не може да гарантира дека пограничните власти во тие земји ќе ги прошуштат граѓаните.
Тој вели дека решението е брзи измени на два закона, за лични документи и за безбедност во сообраќајот и дека може да се направи тоа за еден ден, само ако има политичка волја.