![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/Capture-13.jpg?resize=677%2C460&ssl=1)
Од израелските затвори ноќта кон неделата беше ослободена втората група палестински затвореници кои се префлрени во енклавата Западен брег (на реката Јордан) објави катарската телевизија Al Jazeera.
Автобуси со Палестинците ослободени од израелските затвори според условите од договорот меѓу Израел и радикалното исламистичко движење Хамас пристигнаа во градот Бејтунија. На телевизиските снимки можеше да се види како стотици луѓе ги исполнуваат улиците, а меѓу нив се бројни роднини на ослободените затвореници, забележува телевизијата.
Претходоно доцна ноќта во саботата, военото крило на Хамас, Бригадите на Изедин ал-Касам ја ослободија втората група израелски заложници во која имаше осум деца и пет жени. Според најавите, тие се разменети за 39 Палестинци, од кои 33 деца и тинјеџери до 19 години и шест жени држани изминатите години во израелските затвори.
Израелската армија потврди дека во Израел преку Египет пристигнала втората група заложници ослободени од Хамас. Тие по разговорот со припадниците на израелските безбедностни служни се пренесени на прегледи во болниците.
Договорот меѓу Хамас и Израел за четиридневно примирје и размена на заложници и затвореници беше на работ од пропаѓање во саботата, откако палестинското движење го обвини Израел за блокирање на хуманитарната помош од северниот дел на Појасот Газа. Израелската војска тогаш се закани дека веднаш ќе ги продолжи борбените операции во палестинската енклава доколку не бидат предадени заложниците.
Со напорите на посредниците, кризата беше избегната, а Катарците објавија дека се ослободени 13 израелски заложници, 39 палестински затвореници, како и седум странци кои Хамас ги ослободува надвор од рамките на договорот со Израел.
Во средата беше објавено дека Израел и Хамас, со посредство на Катар, го постигнаа првиот голем договор по ескалацијата на конфликтот на 7 октомври. Двете страните се согласија да ги прекинат непријателствата на четири дена за да разменат десетици заложници и затвореници. Примирјето започна во петокот наутро. Според условите на договорот, примирјето може да трае најмногу десет дена. Како дел од договорот, во Појасот Газа секој ден ќе влегуваат 200 камиони со хуманитарна помош и четири со гориво и гас за домаќинствата.
Покрај тоа, во ова време, до 100 израелски заложници може да бидат ослободени во две фази во замена за 300 палестински затвореници. Во првите четири дена се очекува да се вратат 50 заложници. Израел претходно најави дека ќе продолжи со воената офанзива откако ќе заврши примирјето, четиридневното промирје кое може да биде продолжено за по еден ден на секои 10 ослободени дополнителни заложници.
Palestinian resistance movement Hamas has released the second group of 13 Israeli captives and 4 foreign nationals on the second day of a four-day truce. pic.twitter.com/sPsUttPsWx
— Palestine Highlights (@PalHighlight) November 26, 2023