ВИДЕО| Израел бара од Русија да ги заштити Израелците и Евреите по инцидентот во Дагестан

Израел во неделата ги повика руските власти да ги заштитат Израелците и Евреите во областите на нивната јурисдикција, по вестите за потенцијална одмазда на пропалестински демонстранти во претежно муслиманската руска Република Дагестан.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи во Ерусалим се наведува дека израелскиот амбасадор во Москва е во постојан контакт со руските власти.

„Државата Израел сериозно гледа на обидите за нанесување штета на израелските граѓани и Евреите каде и да е“, се истакнува во соопштението.

Руските медиуми емитуваа а израелските ги преземаа снимките од меѓународниот аеродром во Махачкала, главниот град на Дагестан, на кои се гледа толпа гневни луѓе поради војната во Газа, како трчаат на пистата на којашто слетува авион од Тел Авив.

„Израел очекува од руските тела за спроведување на законот да ги заштитат сите израелски државјани и Евреи, кои и да се тие, како и да преземат остри мерки против бунтовниците и против разулавеното незаузданото хушкање насочено на Евреите и Израелците“, се вели во објавата на израелската дипломатија.

Руските сили за спроведување на редот и законот доцна во неделата објавија дека „неовластените граѓани“ се отстранети од аеродромот во Махачкала и дека ситуацијата е под контрола, како и дека во расчистувањето на безредијата има неколку повредени лица.

Воздухопловните власти соопштија дека аеродромот во Махачкала ќе остане затворен до 6. ноември.

Претходно во неделата попладнето аеродромот во Махачкала беше привремено затворен поради упадот на непознати лица по објавувањето дека се очекува доаѓање на лет од Израел, по што силите на редот беа распоредени на целата територија на аеродромот, соопшти руската агенција за воздухопловен сообраќај Росавијација.

„Поради упадот на непознати лица во прометната зона на аеродромот во Махачкала, решено е тој да биде привремено затворен за летови на доаѓање и заминување“, наведе Росавијација додавајќи дека „силите на редот се на местото на настанот“.

Неколку десетици мажи во неделата вечерта по средноевропско време продреле на пистата и во аеродромската зграда во Махачкала, по дојавата за пристугнувае на авион од Тел Авив.

Според пишувањето на руските медиуми, групата мажи дошле до покривот на зградата и на пистата. На видеоснимките се гледаат десетици мажи како ја уриваат оградата, обидувајќи се да ги контролираат автомобилите кои излегуваат од аеодромот и ја кршат вратата во зградата. На друга снимка се гледа маж како стои на крилото од авион на руската воздухопловна компанија „Red Wings“.

Како што наведува специјализираната веб-страница Flightradar, авионот на оваа компанија кој летал од Тел Авив, слетал во Махачкала во 19 часот по локално време, 17 часот по македонско. Според руските медиуми, авионот требало да го продолжи летот кон Москва.

Пред да влезат во зградата на аеродромот, неколку демонстранти се обидувале да ги проверуваат пасошите на лушење на излегување од аеродромот, трагајќи по израелски државјани.