Военото воздухопловство на Израел започна со авионски напади врз објекти на палестинските милитанти во секторот Газа како одговор на ракетите лансирани врз израелска територија, соопшти ноќта кон саботата по средноевропско време Армијата за одбрана на Државата Израел на својот профил на Twitter.
„Авионите и хеликоптерите на нашите сили започнаа да ги напаѓаат терористичките објекти во Појасот Газа“, се наведува во објавата.
Првично израелската војска објав дека противракетниот систем „Железна купола“ пресретнал 8 од 14-те проектили лансирани од палестинската енклава којашто е под контрола на исламистичкото движење Хамас. Подоцна, армијата објави дека биле истрелани вкупно 16 ракети.
Претходно во петокот, изралеската армија трипати информираше дека се активирале сирените за тревога од воздушен напад во градот Сдерот и регионачниот совет Шаар ха-Негев.
Не е наведено дали во ракетирањата има настрадани и дали е причената материјална штета. Станува збор за најголемиот напад последните месеци, но досега ниедна палестинска милитантна група не ја презема одговорноста.
Претходно во петокот министерсвото за здравство во Појасот Газа соопшти дека пет Палестинци се убиени на протестите и во судирите со палестинските војници распоредени по должината на ѕидот кој ја дели палестинската енклава од израелската територија. Последните насилства може да ги загрозат шансите за постигнување договор за запирање на повеќемесечните протести и судири со стотици загинати на палестинската страна.
En bas à droite de l’écran, le Dôme de Fer lance des missiles pour intercepter les roquettes tirées depuis #Gaza vers des maisons en #Israël. 8 des 14 roquettes ont été interceptées avec succès par les soldats opérant la batterie du Dôme de Fer. pic.twitter.com/EMMBdF4Mb3
— Tsahal (@Tsahal_IDF) October 26, 2018
IMAGES BRUTES : Voilà à quoi ça ressemble quand des roquettes sont interceptées juste au-dessus de votre maison.
10-12 roquettes ont été tirées depuis #Gaza vers #Israël, le système de défense aérien Dôme de Fer en a interceptées plusieurs. pic.twitter.com/QdebWakBly
— Tsahal (@Tsahal_IDF) October 26, 2018