Израелската војска тврди дека, сепак, не влегла во Појасот Газа, иако претходно во петокот рано утрото објави дека копнените сили навлегле во палестинската енклава,
Малку по полноќ кон петокот, војската на Израел испрати порака до медиумите дека нејзините трупи се „во“ појасот Газа, што за агенцијата AFP го потврди и нејзиниот портпарол, полковникот Јонатан Конрикус.
Меѓутоа, два часа подоцна, војската издаде „појаснување“ додавајќи дека во Газа „нема војници“, а нејзиниот портпарол се повика на „погрешно сфатената интерна комуникација“ за да ја објасни ситуацијата.
Речиси сите водечки светски медиуми го објавија почетокот на израелските копнени операции во палестинската енклава.
Израел во петокот користи тешка артилерија и изведе повеќе воздрушни удари врз позициите на палестинските милитантки во појасот Газа. Бидејќи непријателствата влегоа во петтиот ден без никакво сигнал за нивно ослабување, израелската војска изјави дека малку по полноќ воздушните и компнените сили ја гаѓаат енлавата во којашто на власт е исламистичкото движење Хамас.
Иако во соопштението не се наведуваат натамошни поединости, дописниците на израелските воени медиуми кои редовно известуваат за активностите во вооружените сили, пренсоа дека не станува збор за копнена инвазија и дека трукпите ја користеле артилеријате од израелската стана на границата.
Жителите на северниот дел на Газа, во близина на границата со Израел, за агенциите вела дека не виделе траги од израелски копненни сили во енклавата, но известуваат за жесток артилериски оган и десетици воздушни удари.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во четвртокот дека воената кампања ќе „потрае подолго време“. Израелски функционери изјавија дека на Хамас, намоќната милинатна групација во Газа, мора да му биде нанеен силен удар одвраќање пред каков и да е прекин на огнот.