Иако требаше да биде само пријателски меч помеѓу ЦСКА Софија и израелската екипа Ашдод, израелските фудбалери беа нападнати во Софија.
Но, по едно кошкање помеѓу фудбалерите на двата тима, навивачите на ЦСКА збеснале и одлучиле да ги превземат работите во свои раце.
Влетале на теренот на стадионот во обид да се пресметаат со израелските фудбалери. Најлошо поминал тренерот на Ашдод кој бил удрен неколку пати од страна на хулиганите, па морал да добие лекарска помош.
Според видеото, може да се заклучи дека фудбалерите на ЦСКА Софија сакале да ги смират своите навивачи.