Менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес е убеден дека ќе има многу квалитетни фудбалери кои ќе сакаат да се преселат на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок иако “црвените ѓаволи” во новата клупска сезона нема да бидат дел и од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
“Јас имам една многу важна задача кога е во прашање новата клупска сезона. Јас морам да го вратам Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони. Подготвени сме да ја потрошиме вистинската парична сума за вистинскиот фудбалер. Точно дека во новата сезона нема да бидеме дел од Лигата на шампиони, но Манчестер е доволно моќен и може да купи фудбалер од светска класа. Веќе разговаравме со неколку фудбалери и можам да кажам дека истите сакаат да се преселат на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок и на истите не им смета што нема да играат во Лигата на шампиони”, изјави Мојес.