ВИДЕО: Кајмакоски дел од песна за помош на настраданите од поплавите во регионот

Како потсетување дека се уште е потребна помош и поддршка за настраданите од поплавите во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, Детскиот хор Суперар БиХ и Младен Војичиќ Тифа заедно со бројни регионални ѕвезди, снимија прекрасна песна проследена со видео запис.

Песната се вика „Love people“, a на иницијативата и се приклучиле бројни пејачи – Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ Тифа, Јасна Госпиќ, Маид Хеќимовиќ, Игор Вукојевиќ, Драгана Кајтазовиќ и Геронимо (БиХ), Ивана Киндл, Ивана Хусар и Жак Хоудек (Хрватска), Даниел Кајмакоски (Македонија) и Зое Кида (Србија).

Во наредниот период , „Love People“ песната и спотот ќе биде промовирани ширум регионот, како и броевите на сметките на четири музички училишта од Добој и Маглај (БиХ), Гуње (Хрватска) и Обреновац (Србија), кои претрпеле штета за време на поплавите.