
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на социјалните мрежи објави фотографии од вчерашниот дочек на Новата година.
„Синоќа заедно со моите сограѓани и гостите на Градскиот плоштад ја испративме старата и ја дочекавме Новата 2023 година, со желби да бидеме здрави, живи, побројни и повесели во новата година.
Нека биде Среќна новата 2023 година. Нека е поубав и посреќен нашиот Охрид“, вели тој.
Вчера со почеток во 20:00 часот на плоштадот настапија естрадните уметници Петар Нечески, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy.