(Видео) Како молдавскиот претседател ја преживеа сообраќајката

Молдавските безбедносни служби објавија снимка од ужасната сообраќајна несреќа која за малку ќе беше фатална за претседателот Игор Додон. Во официјалниот автомобил на претседателот удри камион, но само благодарение на брилијантната реакција на неговиот возач, Додон излезе од возилото неповреден.

Од сликата на автомобилот во колоната јасно се гледа дека возилата од спротивната насока забавуваат, но тоа очигледно не го забележал возачот на белиот камион кој заборавил да ја притисне сопирачката и се забива во автомобилот пред него. Камионот по ударот се одбива и тргнува директно кон автомобилот на Додон. За среќа, неговиот возач беше присебен и во последен момент го свртува возилото кон каналот и спречува сообраќајка.

https://youtu.be/nqVbStUcupU

Два автомобили од колоната завршија во каналот, а еден дури и се превртил на покривот. Неверојатно, но сите актери на сообраќајката поминале со полесни повреди.