Многумина за време на врелите, спарни денови бараат освежување во студените и вкусни парчиња лубеница.
Без разлика на тоа колку и да сакате да јадете лубеница, кога е топла, таа нема да ве освежи така како што тоа е случај кога е добро разладена.
Како да го забрзате процесот и побрзо да ја разладите лубеницата?
Според некои, тоа најлесно се прави доколку целата лубеница ја потпите во студена вода со мраз, но сепак постои поедноставен, побрз и полесен начин.
Погледнете го видеото и научете како едноставно да ја исечете лубеницата за само 30 секунди и помалку, а потоа така исечена ставете ја во ладилник или кратко во замрзнувач. Помалите парчиња побрзо ќе се разладат.