Хрватските медиуми објавија видео од реакцијата на пратениците во Парламентото од моментот на двата потреси во Загреб кои се случија утрово во 9:52 часот со јачина од 3,2 степени по Рихтеровата скала и седум минути подоцна послабиот со јачина од 2,3 степени.
На видеото може да се види како реагираше пратеник кој се обраќаше од говорница, како и претседателот на парламентот Горан Јандроковиќ, кој седи на спикерското столче.