ВИДЕО: Како сами да си направите хит сандали со реси

За овој проект ќе ви биде потребно парче ткаенина (идеално би било парче кожа), ножици, креда за цртање и лепак.

Ресите се апсолутен хит меѓу познатите дами. Како совршен детал се присутни речиси секаде – на чантите, чизмите, елеците, џемперите, модните додатоци, но некако најинтересни се оние на чевлите.

Доколку имате обичен пар чевли, можете да ги освежите со реси. Постапката е мошне едноставна и нема да ве чини многу.

  1. Измерете го ременот на сандалите.
  2. Измерете ја ткаенината и исцртајте ги ресите со креда.
  3. Исечете ги ресите со ножици.
  4. Ставете лепак на горниот раб на ткаенината.
  5. Залепете го парчето на ременчето на сандалите.

За детални упатства погледнете ги приложените видеа: