ВИДЕО: Како се однесува Заев со новинарите, а како Џастин Трудо

Здружението на новинари на Македонија се уште молчи по вербалниот напад на премиерот Заев врз новинар за време на изјавите по извршниот одбор на СДСМ вчеравечер.

Погоден од темата за која му беше побаран став Заев го обвини новинарот дека поставил нарачано прашање и дека правел конструкции а никој од присутните новинари не изреагира на насилничкото вербално однесување на премиерот.

И новинарот Фуркан Салиу денеска го осуди настанот и покажа како се однесуваат премиери во демократски земји а како во Македонија, во земја во која премиерот тврди дека е транспарентен а обвинува новинари за нарачани прашања.

Прашањето на новинарот на инфомакс.мк не отстапува од било кое правило содржано во кодексот на ЗНМ а беше во врска со можна “метла” за Кочо Анѓушев и нивото на реинвестиции од вкупната бројка на странските инвестиции.

Во слична ситуација прикажана во видеото канадскиот премиер вели дека новинарите мора да се почитуваат во секоја прилика.