Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден ги приведе двајцата осомничени за демолирањето на кафулето „Њу Орлеанс“ во Старата скопска чаршија.
Двајцата осомничени се на возраст од 24 и 25 години.
Имено, во понеделникот околу полноќ во кафулето „Њу Орлеанс“, двете лица влегле во внатрешниот дел на локалот, при што физички го нападнале диџејот и го искршиле неговиот лаптоп на кој пуштал македонска музика. Потоа лицата ги искршиле и прозорските стакла, дел од инвентарот во објектот, како и летната тераса.
Хулиганите нападнале и три лица од персоналот, меѓу кои и една девојка која се обидела да повика полиција. Насилниците и го одземале мобилниот телефон и го скршиле.
По нивното апсење, осомничените беа изведени пред надлежен судија кој на 24 годишникот му е изречена мерка притвор во времетаење од осум дена, а на вториот му се изречени алернативни мерки за обезбедување.
Еден од пријавените веќе е префрлен во Истражниот затвор во Скопје, бидејќи и претходно бил пријавуван во полиција како сторител на кривични дела проследени со насилство. Тој исто така бил и еден од учениците во инцидентот на Кале.